сметки струха

Од 1 јануари цената на струјата да поскапи за 27%, бараат енергетските компании

„Доколку се прифатат барањата од енергетските компании цената на електричната енергија од 1 јануари ќе се зголеми за 27 %, но дали и колку ќе има зголемување ќе покажат деталните анализи“, изјави Марко Бислимовски

Ако се прифатат барањата на енергетските компании, тогаш цената на струјата од 1 јануари ќе треба да се зголеми за 27 отсто. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги доби барањата за определување на нови тарифи на АД МЕПСО Скопје, Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје и МЕМО ДООЕЛ Скопје. Станува збор за три од пет елементи што ја сочинуваат крајната цена и врз кој РКЕ има надлежност да ги утврдува.

„Доколку се прифатат барањата од енергетските компании цената на електричната енергија од 1 јануари ќе се зголеми за 27%, но дали и колку ќе има зголемување ќе покажат деталните анализи. Сега влегуваме во процес во кој што детално ќе се скенираат сите трошоци на овие три компании и ве уверувам дека ќе бидат прифатени и одобрени само оние ставки што ќе овозможи стабилна и сигурна испорака на електрична енергија исклучиво по принцип на домаќинско работење“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Откако РКЕ ќе ги соопшти тарифите за МЕМО, МЕПСО и Електродистрибуција, под целосен надзор на РКЕ согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета и соопшти крајна цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри.

Во однос на евтината струја која се воведе од 1 декември, Бислимоски изјави дека според информациите што ги има, кај првата отчитувачка група веќе се сменети 80 проценти од броилата, а од 15 декември треба да почне менувањето на броилата во втората отчитувачка група.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …