Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, во деновите од викендот, 29,30 и 31 март извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас.
Притоа, контролирани биле вкупно 965 возила и возачи и било констатирано дека 47 возачи ја пречекориле дозволената брзина, 23 управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 10 возила, четворица возачи користеле мобилен телефон при управување на возило, а четворица не користеле сигурносен појас. Едно возило било технички неисправно и било препратено на технички преглед.