Од драма во драма – дали Алијансата избра да биде жртва?

Од драма во драма – дали Алијансата избра да биде жртва?

Сега изгледа дека најголем губитник во сите случувања ќе биде самата партија Алијанса за Албанците, а посредно нејзините гласачи. Зошто се случува ова засега не е доволно јасно.

Пишува Љупчо Поповски

Изборите се ближат, па еден мал и брз квиз. Има четири одговори, а не прашања. Оценете кој ви се чини најсоодветен, или најреален. А може и да не ви се допадне ниеден.

Многу работи се познати кај политичките актери во френетичното загревање за изборната кампања. Сега еден момент изгледа најмистериозен – што ќе прави ВМРО-ДПМНЕ доколку победи и доколку успее да формира влада со преговарачката рамка и натамошниот пат кон ЕУ на Македонија.

Одговор број 1: Христијан Мицкоски во интервју за ТВ 24.

„ВМРО-ДПМНЕ е подготвена по формирањето на новата влада да седне со властите во Софија и да разговара да видиме – доколку има желба од таа страна – како ќе излеземе од оваа мртва состојба во којашто оваа влада и авантурите на (Бујар) Османи, на (Димитар) Ковачевски и (Стево) Пендаровски ја доведоа Македонија во евроинтегративниот процес“.

Одговор број 2: Антонио Милошоски во изјава за „Независен“.

„Не е идејата да одиме на меѓународна арбитража (како Словенија и Хрватска). Бугарија е второстепен актер во спорот. Првостепени се Франција, Германија, Холандија, Данска и други земји од кои ќе побараме да ни дадат предлог календар кога се подготвени за нова членка на ЕУ. Бидејќи сега ќе ги почнеш преговорите за членство, а не знаеш кога ќе ги завршиш“.

Одговор број 3: Антонио Милошоски во интервју за „Слободен печат“.

„Во 2019 година нас нè блокираше Франција, каде и тогаш и денес претседател е човек што припаѓа на европските либерали. И, за жал, тој потег и тогаш и денес го ценам како недостиг на визија за Европа за целиот европски континент… Изјавите од ЕУ дека не е можна промена на преговарачката рамка не го гледам како библиски став.

Залагањата на ВМРО-ДПМНЕ, или на идната влада по изборите, ќе бидат сериозен тест не само за Македонија, туку и за ЕУ во целина, и за Бугарија како сосед. Тоа би го именувал како дипломатски напор што треба да се движи во рамките на еден интегративен патриотизам“.

Одговор број 4: Тимчо Муцунски во разговор за „Плусинфо“.

„Западниот Балкан ќе биде еден пакет од гледна точка на пристапување кон ЕУ. Во овој момент, Србија, Црна Гора и Албанија се сметаат за првиот пакет, додека во вториот пакет се Косово и Босна и Херцеговина. Неизвесно е каде е Македонија. Сметам дека Западниот Балкан ќе биде апсорбиран од страна на ЕУ во еден пакет, без оглед што земјите се борат со своите индивидуални достигнувања. Доколку сме проактивни и ако го искористиме геополитичкиот контекст којшто ни оди во полза, можеме нешто да добиеме“.

Што ќе прави ВМРО-ДПМНЕ со преговарачката рамка и натамошниот пат кон ЕУ на Македонија, доколку победи на изборите на 8 мај и доколку успее да формира влада
Што ќе прави ВМРО-ДПМНЕ со преговарачката рамка и натамошниот пат кон ЕУ на Македонија, доколку победи на изборите на 8 мај и доколку успее да формира влада

Можеби мислите дека нема никаква разлика во овие ставови, а можеби проценувате дека тие се навистина различни. Не е ништо страшно луѓето во врвот на една партија да имаат различни или поинаку проспектирани ставови за една многу важна ситуација во која се наоѓа Македонија. Можеби ВМРО-ДПМНЕ е во потрага по вистинската стратегија која ќе треба да ја напише во предизборната програма. Па затоа, лидерот на партијата вели дека откако тој ќе ја формирал новата влада е подготвен да седне со бугарските власти за да разговара како да се излезе од „мртвата состојба“. Дипломатскиот гуру во партијата, Милошоски, пак, мисли дека како решение за блокадата од Бугарија неговата партија ќе понуди „европски модел, по примерот на Словенија и Хрватска“. Треба да се помести решавањето на спорот со моментот на ратификување  на приемот на Македонија во ЕУ, како во хрватско-словенечкиот случај, вели Милошоски. Истото она што го бараше македонската влада при конципирањето на преговарачката рамка, а земјите-членки на ЕУ го одбија тоа.

Од другата страна на политичкиот спектар изгледа дека нема потреба од ваков квиз. Затоа што би било нелогично за партијата која учествуваше во калибрирањето на преговарачката рамка, а досегашниот премиер точките од неа ги брани како услови кои се најмалку проблематични. Па се претпоставува дека во изборната програма нема да има ништо што не е јасно од досегашните ставови. Но кој би можел да тврди со сигурност.

Херои и жртви

Тоа е околу квизот. Сега за она што ја прекри целата политичка сцена во Македонија. Драмата во Алијансата за Албанците. И политичките хиени што се појавија од саваната и мршојадците што гледаат како да го довршат она што другите ќе го распарчат.

Нема никаква дилема дека во оваа драма нема „херои“, туку има една главна жртва – самата партија Алијанса за Албанците, а посредно нејзините гласачи, кои толку многу веруваа дека на овие избори може да се направи клучниот пресврт во детронизирањето на ДУИ. Неверојатна мечешка услуга на Арбен Таравари и министерскиот двоец им направија вмровските функционери, а и пратениците за време на вчерашната расправа во парламентот кога внимателно го глорифицираа ова крило во АА. А само до пред десетина дена Таравари беше „тотемот“ кој се исмеваше, се потценуваше, се навредуваше дека ја предал опозициската кауза, дека влегол во челуста на ѕверот само поради необјасниви интереси. Сега тој да ти бил пленот кој самоволно влетал во смртната игра, а не требало да го направи тоа.

Извор: DW
Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

СДСМ најавува закон: Премиер, министри, пратеници да бидат само со македонско државјанство!

СДСМ најавува закон: Премиер, министри, пратеници да бидат само со македонско државјанство!

СДСМ најавува иницијатива за законски измени со кои ќе се постави јасен услов, премиер, вицепремиери, …