Маричиќ од Универзитетот Харвард: Проевропскиот фронт ја води Северна Македонија кон ЕУ

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ во рамки на посетата на САД, денес учествуваше на работилницата на тема „Патот на Северна Македонија кон ЕУ“.

На работилницата учество земаа заинтересирани лица – пријавени за учество на конференцијата меѓу кои и спикери, претставници на разни иницијативи и истражувачки центри, професори, истражувачи.

Вицепремиерот Маричиќ сублимирано го објасни македонскиот пат до Европската Унија, за понатаму да ја истакне важноста на изборите кои претстојат за европската кауза.

„Во Северна Македонија постојат два политички концепти, едниот е проевропски, другиот концепт припаѓа на крилото на национализмот односно популизмот.

За учесниците на работилницата, првиот вицепремиер накусо ја објасни важната улога на преспанскиот договор, ја дефинираше новата методологија за пристап кон ЕУ, улогата и можностите кои се отвораат за Северна Македонија со пристапувањето во ЕУ.

За крај на активната дискусија, која течеше помеѓу учесниците истакна дека 2030 година е достижна и реална цел за Северна Македонија да влезе во Европската Унија преку посветеност и сериозна работа.

На работилницата модерирана од Александар Јаковлевиќ се дискутираше за влијанијата на САД, за Северна Македонија и целовкупниот евроинтегративен пат, влијанието на Кина како и за тоа што би било потребно да се направи како следен чекор кон пристапните преговори.

Прочитајте повеќе

Вакцини

Дали на Македонија и се заканува и епидемија на морбили?

Големиот процент на невакцинирани деца ја враќа опасноста од ширење на заразни болести. СЗО предупредува …