Од март пензиите се зголемуваат за 8,4 отсто, просечната пензија ќе изнесува 19.150 денари

Од март пензиите се зголемуваат за 8,4 отсто, просечната пензија ќе изнесува 19.150 денари

Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно одлуката на Владата, од март 2022 година пензиите ќе се зголемат.

Усогласувањето на мартовската пензија ќе се зголеми за 8,4 отсто (пораст на плати од 6,1 проценти и пораст на трошоци за живот од 10.6 проценти), со што просечната пензија од 17.666 ќе се зголеми на 19.150 денари.

„Со Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се предвиде нов начин на усогласување на пензиите, при што за пресметката на усогласувањето на пензиите се зема растот на трошоците на живот и растот на просечната плата. Со овој начин на усогласување на пензиите се овозможува реален пораст на пензиите во однос на платите, односно како што ќе порасне просечната плата, во континуитет ќе растат и пензиите. Усогласувањето на пензија се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50 проценти и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Северна Македонија во висина од 50 проценти“, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.

Пензијата, согласно новата Методологија, се усогласува на 1 март и на 1 септември секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во земјава, во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи.

Преку усогласувањето на септемвриските пензии во минатата година кои се исплатија со комбиниран модел од 50 проценти пораст на просечната плата и 50 проценти пораст на трошоци на живот, (усогласување во висина од 6.8% – пораст на плати 6,6% а порастот на трошоци за живот 6,9%) просечната пензија од 16.348 денари се зголеми на 17.666 денари.

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …