Од март сите државни инспекторати се приклучуваат на Е-инспектор

Од март сите државни инспекторати се приклучуваат на Е-инспектор

По успешното приклучување на три државни инспекторати во Информацискиот систем за инспекциски надзор, Е- инспектор, од наредниот месец сите останати инспекторати, за кои е надлежен Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија, ќе се приклучат на овој систем, со што ќе се заокружи проектот за целосна дигитализација на инспекциските надзори.

Ова беше соопштено на денешниот брифинг за новинари, кој го одржаа заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска, директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска, и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат,  Рената Младеновска.

Имајќи предвид дека една од примарните цели на дигитализацијата на овие процеси е јакнење на антикорупциските механизми, вицепремиерката Грковска истакна дека инспекторите се лицето на институцијата, затоа што тие се во секојдневен контакт со граѓаните, и во таа насока,  зголемувањето на контролата и поголемата ефикасност и ефективност во работењето, скратувањето на времето за вршење инспекциски надзор и поголемата транспарентност е важно за јакнење на интегритетот на службениците, за индивидуализирање на одговорноста, но и за подобрување на генералната перцепција за корупцијата на сите нивоа.

Претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска изрази задоволство што пилот- проектот за модернизација на инспекциските служби, кој започна во 2021 со поддршка на УСАИД, а во кој беа вклучени Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат, продолжи во насока на развој на овој систем и на останатите инспекторати. Со поддршка на Европската банка за обнова и развој, од крајот на март 2024, сите инспекторати кои се под ингеренции на Инспекцискиот совет ќе бидат дел од Е-инспектор.

Дополнително, овој проект ќе продолжи кон целосна дигитализација на инспекциската постапка, односно, останатите 12 инспекциски служби, кои во овој момент се организирани како внатрешни организациски единици во состав на органите на државната управа, ќе бидат предмет на вклучување во електронскиот систем, во зависност од крајниот исход на сеопфатниот процес на реорганизација и оптимизација на јавната администрација, во кој се вклучени и инспекциските служби.

На брифингот беа споделени информации за придобивките од дигитализацијата на инспекциските надзори и искуствата на инспекторатите во секојдневната работа преку овој информациски систем, кој овозможува намалување на бројот на инспекциски надзори и контроли, фер пристап кон субјектите кои ги почитуваат законите, електронско прибавување на сите потребни податоци, скратување на времето на инспекцискиот надзор, како и заеднички и координирани надзори од повеќе инспекциски служби во исто време.

Во прилог ви ја доставуваме деталната информација за напредокот и ефектите од воспоставувањето на Е-инспектор, која денеска беше презентирана на средбата со новинари во Инспекцискиот совет.

Прочитајте повеќе

Агрон Демири: Нема откажување од иднината! Младите сакаат европска иднина!

Агрон Демири: Нема откажување од иднината! Младите сакаат европска иднина!

Младите не сакаат поделби и тензии, младите сакаат европска иднина, европско образование, сакаат европски услови …