Од меѓународниот турнир во Пеќ, ЏК „Сеишин“ се врати со 7 медали

Од меѓународниот турнир во Пеќ, ЏК „Сеишин“ се врати со 7 медали

Во организација на ЏК „Кано“, вчера во Пеќ, Косово, се одржа меѓународен турнир во џудо за кадети/ки и сениори/ки, на кој учество зедоа клубови од од Црна Гора, Албанија, Турција, Македонија и Косово.

Единствен претставник од Македонија беше ЏК „Сеишин“- Прилеп, кој настапи со 7 натпреварувачи кои освоија 7 медали: 2 златни, 3 сребрени и 2 бронзени.

Кадетки:

-44 кг, Теа Настоска 1 место

-44 кг, Теона Настоска 2 место

-48 кг, Елеонора Илиоска 2 место

Кадети:

-55 кг, Јован Стојаноски 3 место

-60 кг, Михаил Стојаноски 1 место

-66 кг, Михаил Димоски 3 место

Сениорки:

-52 кг, Теодора Димеска 2 место.

Екипата на ЏК „Сеишин“ ја предводеа тренерите Дејан Мицкоски и Мартин Ристески, кои искажа задоволство од постигнатите резултати и најавија учество наклубот на повеќе турнири од меѓународен карактер.

Прочитајте повеќе

Во среда во Крушево започнува меморијалниот турнир во мал фудбал „Сотир Мазар“

Во среда во Крушево започнува меморијалниот турнир во мал фудбал „Сотир Мазар“

Во среда, 13.08.2025 година во 18 часот започнува меморијалниот турнир во мал фудбал „Сотир Мазар …