Од ноќеска дизелот поевтин за 2 денара

Од ноќеска дизелот поевтин за 2 денара

Малопродажната цена на Еуродизел од вечерва се намалува за два денара за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) согласно најновата одлука.

Со поевтинувањето, дизелот од вечерва на полноќ ќе чини 81 денар за литар.

Поевтинува и Екстра-лесното масло за домаќинство – исто така за два денара и од ноќеска ќе се продава за 80 денари за литар.

Во меѓувреме, цените на бензините не се менуваат. Еуросупер БС-95 и понатаму чини 81 денар за литар, додека литар Еуросупер БС-98 се продава по цена од 83 денари.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Не може да има 5.5 милиони евра за прослави, да има за владин авион а да нема пари за 600 евра минимална плата

СДСМ: Не може да има 5.5 милиони евра за прослави, да има за владин авион а да нема пари за 600 евра минимална плата

Соопштение за јавност на СДСМ Додека Мицкоски ужива во луксуз со часовници од 60.000 евра, …