Од понеделник стартува пописот, за прв пат се попишува и дијапората

Од понеделник стартува пописот, за прв пат се попишува и дијапората

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска на заедничка Прес конференција со Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симoвски ги претставија подготовките за старт на најважната статистичка операција за земјава- ПОПИСОТ 2021.

“Вчера свикав вонреден состанок со шефовите на сите Дипломатско конзуларни претставништва, каде издадов директни инструкции до целата дипломатска мрежа, целосно и со полн капацитет да се стави на располагање на пописните тимови и на целокупниот процес , со цел успешна реализација на пописот, за нашите вработени и за нашата дијаспора”, истакна Османи.

Во таа насока, зборувајќи за улогата што нашите Амбасади ќе ја имаат во текот на овој прoцес, Османи нагласи:

“Улогата на нашата дипломатска мрежа ќе биде да ги идентификува сите можни канали на комуникација, и преку засилени промотивна активност, да ги распространи информациите за овој процес до секој наш државјанин кој живее и работи во странство. Оваа активност, во следните 50 дена, ќе биде највисок приоритет на нашата дипломатска мрежа”.

Од аспект на фактот дека за прв пат се спроведува операција за попишување и на дијаспората, што претставува дополнителен предизвик но и обврска да имаме успешен процес, Османи потенцираше:

“Пописот е добар пример преку нашата проактивна улога да демонстрираме одговорност и посветеност кон дијаспората, која има важна улога во севкупните процеси на земјава. Ова е добра шанса да покажеме грижа за нашите граѓани во странство и да создадеме услови за трајна соработка, за брза комуникација и блискост, остварувајќи ја со тоа клучната цел – дијаспората да биде нераскинлив дел од земјава”.

Министерот Османи упатувајќи порака и до сите наши граѓани, без разлика дали се наоѓаат во земјава, дали се на привремена работа или студии надвор, или се дел од нашата дијаспора, истакна:

“Еден од главните елементи што е неопходен за успешни политики е токму реалната слика за бројноста на населението и неговата економска, образовна и социјална структура. Не постои друг начин за добивање на реална слика, освен преку пописот како статистичка операција која е предуслов за секоја организирана држава да може да го планира својот развој. Сакам да ве повикам активно да се вклучите во овој процес, да го искористите ова право и оваа граѓанска обврска, со цел да ги добиеме клучните податоци со кои ќе можеме соодветно да ги планираме нашите политики”.

Од 1 до 15 март, сите вработени во Дипломатско – конзуларните претставништва, вклучувајќи ги тука и нивните семејства, ќе можат да се само-попишат, или самостојно да се регистрираат, преку он-лајн апликацијата изготвена од Државниот завод за статистика, за што на веб страната на Министерството за надворешни работи веќе се поставени соодветни линкови. Попишувањето е лесно, едноставно и брзо, достапно на осум јазици, меѓу кои и македонски, албански и англиски, за што на Прес конференцијата беа презентирани посебни видео – туторијали, односно упатства, кои на едноставен и разбирлив начин ја опишуваат целата постапка.

Во исто време, процесот започнува и за сите наши државјани кои се наоѓаат во странство, односно нашата дијаспора, кои во далеку подолг период, од 1 март се до 21 април, или во следните 50 дена, на ист начин, со едноставно пристапување до апликацијата, ќе можат да го остварат ова право и граѓанска обврска.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …