Одбележана 112 годишнината од раѓањето на Кочо Рацин

Одбележана 112 годишнината од раѓањето на Кочо Рацин

Со положување на цвеќе на Могилата на непбедените, денеска беше одбележан патрониот празник на ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп. На свеченоста која се организираше во знак на оддавање почит за животот и делото на еден од најпознатите македонски книжевници и социјалистички дејци , присуствуваа преставници од основното училиште кое го носи неговото име, претставници од Општина Прилеп и останатите училишта од градот.
По повод патронот на училиштето „Кочо Рацин“, директорката Зора Чадамова истакна дека иако условите за одбележување на празникот на нивното училиште се различни од изминатите години,ова е сепак значаен ден за нив кој не треба да се изостави, притоа истакнувајќи дека посреќни би биле кога би се создале услови за присуство на учениците за заедно да го одбележат денот кога е роден патронот на училиште. Чадамова во поздравниот говор пред присутните истакна дека се особено благодарни што го носат името на Кочо Рацин, затоа што со излегувањето на неговата стихозбирка од печат во 1938 година, Рацин ги поставил темелите на современата македонска поезија но и на современиот македонски литературен јазик.
Денешниот ден , 22 декември, денот кога се слават 112 години од раѓањето на големиот поет Коста Солев Рацин, учениците го одбележаа со рецитирање на свои трудови и песни од стихозбирката „Бели Мугри“ кои веќе се поставени на веб страната на училиштето, но исто така и на социјалната платформа Facebook.
Коста Апостолов Солев Рацин е роден во Велес, 22 декември 1908 година, а својот живот го завршил на 13 јуни 1943 во Лопушник. Познат е по својата поезија и се смета за еден од основоположниците на современата македонска книжевност. Неговата стихозбирка „Бели мугри“ која е издадена во Загреб 1939 година, претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија.

Прочитајте повеќе

Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Обвинителство: Врховниот судија Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Јавен обвинител предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, …