Владата денеска ќе ја одржи редовната 32 седница

Владата денеска ќе ја одржи редовната 32 седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 32-ра седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На денешната седница, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се утврдуваат текстовите на Предлог на закон за управување со отпадот, на Предлог на закон за проширена одговорност на производителот во управувањето со посебни текови на отпад, на Предлог на закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, на Предлог на закон за управување со пакување и отпад од пакување, како и на Предлог на закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори.

Владата денеска ќе ја разгледа и Информацијата со анализа и акциски план за Преспанското Езеро, подготвена од Експертската работна група за Преспанско Езеро.

На оваа своја седница Владата ќе се произнесе и по Предлог – Годишниот извештај за учеството на припадници на Армијата и вработените во Министерството за одбрана во хуманитарни операции, меѓународни операции, во НАТО мисии и операции и операции во примената на правото на индивидуална или колективната самоодбрана, како и во операции за кризен менаџмент и кооперативна безбедност надвор од територијата на Република Северна Македонија во 2020 година.

Пред министрите во Владата денеска ќе се најде и информацијата со извештај за преземени активности предвидени во Националната стратегија за развој на концептот за eдно општество и интеркултурализмот и Акцискиот план за спроведување за 2020-2022 година.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …