Се вакцинираше Бајден, а што е со Трамп?

Се вакцинираше Бајден, а што е со Трамп?

Идниот американски претседател Џо Бајден прими вакцина против коронавирусот пред телевизиските камери во неговата матична сојузна држава Делавер. Тој ги повика своите сонародници да го сторат истото.

Џо Бајден го засука левиот ракав и и рече на медицинската сестра која го држеше шприцот: „Подготвен сум“. По боцнувањето, политичарот апелираше до сите Американци да се вакцинираат веднаш штом ќе им биде достапна вакцина. 78-годишниот политичар повика на доверба во вакцината од страна на неговите  сонародници и рече дека „нема причина за загриженост“.

Бајден рече дека ќе помине некое време пред да биде запрена пандемијата. Дотогаш, луѓето треба да продолжат да ги слушаат советите на експертите и да носат маски, да ја оддржуваат потребната безбедна дистанца и да не одат на непотребни патувања за време на празниците, предупреди Бајден. „Ако не мора да патувате, не патувајте“, рече тој.

Идната прва дама на САД, Џил Бајден, исто така беше вакцинирана во Њуарк, Делавер. На Бајденови им беше дадена првата од двете инјекции на вакцината на Бионтек и Фајзер, неопходни за заштитен ефект.

USA | Coronavirus | Impfung Mike Pence

Во минатата недела јавно пред камери се вакцинираше и актуелниот потпретседател на САД Мајк Пенс. Во петокот пак тоа го сторија и претседателката на Претставничкиот дом на САД, демократката Ненси Пелоси и лидерот на републиканското мнозинство во американскиот Сенат, Мич Меконел.

Ќе се вакцинира ли Трамп?

Демократот Бајден ќе положи заклетва за нов претседател на 20 јануари. Сè уште не е јасно дали актуелниот претседател, републиканецот Доналд Трамп, исто така, планира јавна вакцинација. Неговиот портпарол рече дека е „апсолутно отворен“ за тоа. Сè уште, меѓутоа, нема конкретни планови. Трамп се разболе од белодробното заболување Ковид-19 на почетокот на октомври и затоа мораше да се лекува во болница.

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …