Одбележана 230 годишнина од основањето на Стејт департментот

Одбележана 230 годишнина од основањето на Стејт департментот

Денеска свечено беше одбележана 230-годишнината од основањето на американскиот Стејт департмент, при што македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во присуство на американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнс, изрази благодарност за клучната поддршка која САД и ја дале на земјата за остварување на стратешките цели за полноправно членство во НАТО и ЕУ.

Во обраќањето Димитров се осврна на билатералните односи засновани на споделени вредности и стратешко партнерство, а ја истакна и значајната улога на колегите од американскиот Стејт департмент „кои низ изминативе 25 години ја поддржуваа и помагаа земјата во надминување на предизвиците.“

„Имаше моменти кога нашите пријатели и колеги од Стејт департментот играа клучна улога помагајќи ни да ги надминеме пречките на нашиот пат кон градење на посилна земја и општество. Благодарни сме им на САД што беа на наша страна во текот на сите овие години“, нагласи Димитров.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Костадиновска-Стојчевска: „Правината се танчи, ама не се кинит“ - нов мурал во Прилеп во рамки на “Цртај на македонски”

Костадиновска-Стојчевска: „Правината се танчи, ама не се кинит“ – нов мурал во Прилеп во рамки на “Цртај на македонски”

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на промоцијата на новиот мурал на Центарот за култура …