Одржана седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Крушево

Одржана седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Крушево

Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Крушево, на денешната седница ги донесе следните заклучоци за заштита, спречување и превенција од корона вирусот :

  • Во пазарните денови, односно понеделник и четврток, во Крушево нормално ќе функционира пазарот со препорака да се спречат поголеми собири на граѓаните и истите да не се задржуваат подолго време во објектот од пазарот.
  • Градоначалникот на општина Крушево ги откажува отворените денови за прием на странки во кабинетот, се’ додека трае ваквата состојба и препораките на Министерството за дравство, да се објават телефонските броеви за контакт.
  • Да се објават телефонски броеви за помош на стари изнемоштени лица кои не можат да излегуваат од своите домови.
  • Народната кујна во нашата општина ќе им доставува сува храна три пати во неделата на лицата кои имаат потреба.
  • Здравствениот дом во Крушево информира дека се откажуваат специјалистички прегледи кои биле закажани во овој период и сите други прегледи кои не се итни да се избегнуваат и да се јават во Заводот за јавно здравје во Прилеп.
  • МВР, ОВР-Крушево ќе ја следат состојбата со ангажирање на патролни служби и ќе има засилени мерки и контроли за сузбивање на поголеми групи по излетнички места и слично, но и ќе ја следат состојбата при влез на возила и граѓани во општината и градот.
  • Се задолжуваат сите институции кои спаѓаат под локалната самоуправа да извршат дезинфекција во седиштата на сите институции и училиштата пред почетокот на наставата. Помош ќе има од локалната самоуправа во средства за дезинфекција во училиштата
  • Локалната самоуправа ќе помогне во однос на средства за дезинфекција и на другите органи на општината.
  • Се задолжуваат основните училишта и средното општинско училиште на територијата на општина Крушево, да најдат начин за изведување на алтернативна настава преку електронско учење од страна на професорите и учениците.
  • Општина Крушево заедно со ТППЕ и Црвениот Крст на општината, формираа тимови за помош на изнемоштени, хронично болни и стари лица заради купување на намирници и лекови.
  • Се задолжуваат превозниците да ги дезинфицираат секојдневно превозните средства на територијата на општина Крушево.
  • Секој граѓанин да се грижи за своите животни и да ја одржуваат нивната хигиена.
  • Апел да се почитуваат препораките од Министерството за здравство на РСМ.
  • Се задолжува Одделението за администрирање на приходи во Општина Крушево, да изврши комуникација со сите приватни сместувачки капацитети во Крушево и да им укажат за препораките за неприфаќање на потенцијални туристи во овој период, се’ додека трае препораката на Министерството за здравство и да се следи примерот на хотелите.
  • Апел да се избегнуваат собири на граѓани во продавниците во населените места-селата во општина Крушево.

КОНТАКТ ТЕЛЕФОН: 046 477 061

Прочитајте повеќе

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за …