- Состојбата со корона вирусот е удар врз економијата и врз целиот јавен живот, а справувањето со оваа криза во светот има сериозно влијание врз економијата, истакна во он-лајн интервјуто премиерот на државата и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски и нагласи дека здравјето животот на граѓаните нема алернатива.
- Паралелно со грижата за здравјето на граѓаните, работиме на тоа да заздрави економијата и правиме напори за воведување мерки за економјата да може да живее. За таа цел направивме средби со стопански комори, со гувернерот на Народната банка за да ги видиме сите информации околу фискалните импликации, истакна Спасовски
- Конкретно, економскиот тим на Владата од утре ќе почне со мерки за македонската економија, како и директна помош на економијата, особено за оние сектори кои се најпогодени, рече Спасовски.
- Тој додаде дека некои мерки се навистина многу радикални, но тоа е подобро за да се превенира состојбата и да трае покус период, што е подобро и за граѓаните и за економијата.
Прочитајте повеќе
Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност
Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …