Фрлање молотови коктели врз Владата, како и врз Парламентот и полицијата, по што се повредени најмалку 15 полицајци, е најкусиот биланс за синоќешниот протест на обединетата албанска опозиција во Тирана, кој е најнасилен досега.
Претседателот Илир Метаповика на воздржаност и дистанцирање од насилни акти врз полицијата. И американската амбасада во Тирана повика на воздржаност и го осуди насилството.
Премиерот Рама реагираше преку Твитер:
„Пожарот на Владата не и причинува ни најмала шетата, туку и причинува штета на Албанија“…, напиша Рама.
Извор: АлсатМ