Определен 30 дневен притвор на бизнисменот Орце Камчев за предметот „Плацеви на Водно“

Определен 30 дневен притвор на бизнисменот Орце Камчев за предметот „Плацеви на Водно“

По барање на Обвинителството за организиран криминал, судија по претходна постапка му одреди 30 дневен притвор на бизнисменот Јордан-Орце Камчев осомничен во предметот „Плацеви на Водно“. Тој ќе биде спроведен во истражниот затвор „Шутка“.

Претходно, Камчев утринава бил приведен во полициската станица-Карпош и по приведувањето бил упатен во Кривичниот суд во Скопје, на распит пред судија, по претходна постапка, по што судот одлучил за притвор. Според информациите на Агенцијата за национална безбедност кои се доставиле до Обвинителството, Камчев се подготувал за бегство.

Орце Камчев е еден од осомничените во случајот „Империја“, како и во случајот „Плацеви на Водно“, за кој ОЈО информираше дека истрагата е при крај. Во „Плацеви за Водно“ првоосомничен е и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, а за кого истрагата покажала дека со пари на партијата си купил плацеви со површина од 11 илјади метри квадратни, во вредност од 1,3 милиони евра.

Истрагата за предметот „Плацеви на Водно“ ја води обвинителката Лиле Стефанова, како и за „Империја“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Ова го правиме за да нема препишување, за да бидат резултатите пообјективни, но и за …