Општина Аеродром почна со изградба на нови детски игралишта

Општина Аеродром почна со изградба на нови детски игралишта

Општина Аеродром почна со изградба на новите детски игралишта што ги најави неодамна на неколку локации низ општината.

Денеска градоначалникот Златко Марин изврши увид во градежните работи во паркот „Нинрберг“ во Ново Лисиче, една од локациите каде што ќе се гради детско игралиште.

Нови детски игралишта се градат уште на две локации, и тоа на ул. „Методија Шаторов-Шарло“ зад градинката „Калинка“ во Стар Аеродром и зад ТЦ „Бисер“ меѓу трите кули.

„Овие активности се дел од проектот за уредување и реконструкција на сите детски игралишта на целата територија на општината и во насока на обезбедување безгрижна и безбедна детска игра“, изјави градоначалникот Марин.

Прочитајте повеќе

Лога: Непочитувањето на уставното име ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска-Давкова

Лога: Непочитувањето на уставното име ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска-Давкова

Кренар Лога, министерот за правда во техничката Влада и генерален секретар на Алијансата на Албанците …