Општина Битола: Годинава изречена 41 казна за паркирање на јавни зелени површини

Општина Битола: Годинава изречена 41 казна за паркирање на јавни зелени површини

Во рамките на своите законски надлежности, Општина Битола од почетокот на оваа календарска година, има изречено 41 казна за паркирање на јавни зелени површини во градот. Согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Битола, општинските инспектори на терен изрекуваат казни на непрописно паркираните возачи. Минатата година, од страна на општинскиот комунален инспекторат за паркирање на јавни зелени површини се изречени над 200 казни.

Што се однесува до концертот на Владо Георгиев како дел од програмата на „Битфест“, од Општина Битола велат дека програмата на Фестивалот ја избрала комисија од Општината, после објавениот јавен повик и пристигнатите понуди. Општината делумно финансиски ги поддржува проектите во рамките на фестивалот, а истото се однесува и за концертот на Владо Георгиев.

Целосната организација на настаните, вклучувајќи ја  и дистрибуцијата на билетите за настаните кои што се дел од „Битфест“, е одговорност на апликантот. Сепак, општината апелира на почитување на обврските кои што произлегуваат од законската регулатива.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …