Општина Прилеп ќе избира спортист на годината

Општина Прилеп ќе избира спортист на годината

Општина Прилеп објавува јавен оглас за предлагање на кандидати за избор на најдобри спортисти и спортски клубови за 2019 година. За таа цел, се повикуваат спортските клубови од општина Прилеп да предлагаат кандидати кои во изминатата година постигнале спортски успеси и запазени резултати на домашен и меѓународен план.

Покрај најдобрите спортисти и спортски клубови, ќе биде извршен избор и во неколку други категории, меѓу кои и избор на најдобар тренер, спортски работник, млад спортист, играч кој настапува за странски клуб, спортист со телесен инвалидитет и сл. Исто така, ќе бидат наградени и лица кои дале посебен придонес во афирмацијата на спортот во градот, државата и надвор од неа.

Освен кратка биографија и информација за постигнатите резултати во 2019 година, поднесената пријава треба да биде заверена и потпишана од овластено лице на спортскиот клуб или здружението кое го предлага спортистот, спортската екипа, тренерот или спортскиот работник.

Доделените награди ќе бидат во форма на дипломи и плакети, а на најдобриот спортист на општина Прилеп ќе му припадне и парична награда.

Огласот трае 12 дена, почнувајќи од понеделник 20 јануари и заклучно со петок, 31 јануари 2020 година.

Пријавите се поднесуваат на адреса:

Општина Прилеп

ул.„Прилепски бранители“ бб

7500 Прилеп

Или во архивата на Општина Прилеп

Со назнака:

За избор на спортист на годината 

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …