СДСМ Прилеп: Вработените во образованието добиваат повисоки плати за 21 отсто

СДСМ Прилеп: Вработените во образованието добиваат повисоки плати за 21 отсто

Прес конференција на Гордана Макалоска, член на надзорен одбор на ОО СДСМ – Прилеп:

Почитувани,

СДСМ го исполни дадениот збор пред просветните работници и ги зголеми платите во образованието.

Само за две и пол години власт на СДСМ, вработените во основното, средното, високото образование и во науката, добија вкупно покачување на платите за скоро 21 отсто.

Ова е најголемо зголемување на платите во образовниот сектор во последните 10 години, кое го добија над 32.000 граѓани – вработени во образованието и науката.

Од нив, над 1.000 се вработени во образовните институции во општина Прилеп, кои почнувајќи од 1 јануари годинава добиваат повисоки плати во просек за 4.500 денари.

Претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 7 години ги зголеми платите во образованието за околу 800 денари, а ние за само две и пол години обезбедивме просечно покачување за над 4.500 денари.

За разлика од минатите Влади на ВМРО-ДПМНЕ и нивните празни предизборни ветувања за покачување на платите, а кои после секои избори наместо зголемени плати воведуваа се’ построги механизми и казни за контрола на просветните работници, ние го реализираме дадениот збор и го мотивираме наставниот кадар

Со досега најголемото покачување на платите и со серија на конкретни инвестиции за подобрување на условите за работа во образовните институции, ја браниме честа и достоинството на професијата наставник.

Вложувањето во човечкиот капитал, во наставниците, професорите и научните работници, е само дел од чекорите на правиот пат по кој се движиме.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Кренете ги главите - СДСМ е храбра и уште поодлучна за европската иднина на Македонија

Битиќи: Кренете ги главите – СДСМ е храбра и уште поодлучна за европската иднина на Македонија

„Граѓаните ни испратија порака, ги слушнавме. Ја прифаќаме одговорноста. А денес е нов ден – …