Османи на средби со Гир, Коп и Мејер

Османи на средби со Гир, Коп и Мејер

Во фокусот на средбите биле политичките актуелности во земјава, со посебен акцент на околностите во кои се води јавната расправа за предложените уставни измени

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска оствари одвоени средби со амбасадорот на Европската Унија – Дејвид Гир, амбасадорот на Холандија – Дирк Јан Коп и со заменик – шефот на мисијата на Амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер.

Во фокусот на средбите биле политичките актуелности во земјава, со посебен акцент на околностите во кои се води јавната расправа за предложените уставни измени и напорите на Владата да обезбеди континуитет на започнатите пристапни преговори за членство во ЕУ, информираше Министерството за надворешни работи (МНР).

„Имаме одлична, може да се рече – уникатна можност, да обезбедиме пристојна европска иднина за нашите граѓани, што е воедно стратешка цел и определба на нашата држава и институции, но и јасна и недвосмислена волја на нашите граѓани. Овој пат клучот е кај нас, и со особена благодарност гледаме на поддршката на нашите меѓународни пријатели кои обезбедија навистина сериозни гаранции со поддршка за земјава во овој процес“, истакна министерот Османи.

На средбите биле отворени и теми од регионален карактер, во контекст на европска интеграција на целиот регион на Западен Балкан, соопшти МНР.

Прочитајте повеќе

5 заклучоци за неочекуваните резултати од изборите

5 заклучоци за неочекуваните резултати од изборите

По првиот круг јасно е дека Македонија е земја на национализмот, негуван како дива орхидеја. …