Османи: Очекувам безусловна препорака од Советот на ЕУ за почеток на преговорите

Османи: Очекувам безусловна препорака од Советот на ЕУ за почеток на преговорите

Валоризацијата на реформските напори на Македонија очекуваме да биде нотирана во претстојниот извештај на Европска комисија, од каде очекуваме и чиста и безусловна препорака од Советот на ЕУ за почеток на преговорите.

Ова денеска го истакнал вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи кој е во работна посета на Брисел каде што престојува заедно со советникот за европски интеграции во кабинетот на премиерот, Бојан Маричиќ.

Тие се сретнале со генералниот директор на Директоратот за европска и соседска политика и преговори за проширување (ДГНЕАР), Кристијан Даниелсон, а имале и брифинг со претставниците на Директоратот за напредокот на Македонија.

Османи посочил дека „очекува извештаите на Европската комисија да обезбедат јасна и прецизна проценка за севкупната подготвеност и напредокот не само на Македонија, туку и на сите земји од регионот, имајќи предвид дека европските интеграции на земјите од Западниот Балкан претставуваат европски предизвик, кој е во интерес на постабилна, побезбедна и обединета Европа.“

Тој додал дека „пред априлскиот извештај на Европската комисија, Владата е целосно фокусирана кон реформите, како и отстранувањето на сите останати политички пречки на евроинтегративниот пат на земјава.“

За време на работната посета на Брисел, Османи ќе одржи и брифинг во пресрет на објавувањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија и пред членовите на Работната група за земјите од Западен Балкан во рамките на Советот на Европската унија.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …