Османи – Рот: Германската влада ги поддржува европските интеграции на земјата

Османи – Рот: Германската влада ги поддржува европските интеграции на земјата

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во рамки на работната посета на Сојузна Република Германија се сретна со германскиот државен министер за Европа и претставник на СР Германија во ЕУ, Мајкл Рот.

Османи добил потврда од министерот Рот дека германската влада во целост ги поддржува европските интеграции на земјата, и дека цврсто ќе застане за време на сесијата на Бундестагот во одбрана на позициите на Владата за старт на преговорите со Македонија во октомври.

Од Берлин, Османи директно патува за Варшава, каде ќе се сретне со државниот секретар за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Полска, Конрад Шимански, а ќе се сретне и со министерот за надворешни работи на Република Полска, Јацек Чапутович.

Посетите на Берлин и Варшава претставува дел од европската турнеја на вицепремиерот Османи, за посета на европските метрополи, а во пресрет на октомвриските состаноци на Советот на ЕУ.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Таткото на Вања Ѓорчевска

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

Ми одзедоа сè. Не сум веќе ни родител ни татко, ехо од човек остана од …