Парламентарни избори во Бугарија

Парламентарни избори во Бугарија

Избирачките места се отворени во Бугарија каде се одржуваат парламентарни избори до кои доаѓа по речиси една година од масовните протести против владата на премиерот Бојко Борисов.

Партијата на Борисов, Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), се обидува да остане на власт по една деценија како владејачка партија.

Според последните проучувања на јавното мислење во Бугарија, владејачката партија на премиерот Бојко Борисов – ГЕРБ ќе остане на врвот со околу 23 проценти од гласовите.

Тоа би бил пад од 10 проценти во споредба со последните избори во 2017 година и најлош резултат на партијата од 2009 та година.

Овие резултати од изборите во Бугарија , ќе ја принудат ГЕРБ да формира коалиција со различни партии за да го постигне мнозинството кое е потребно со цел Борисов да продолжи да биде премиер.

61 годишниот Борисов ја предводи бугарската политика откако ГЕРБ победи на изборите во 2009 година.

Но, основата за поддршка на партијата ослабна поради обвинувањата за корупција и начинот на кој Борисов се справи со пандемијата на коронавирусот. Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците минатото лето во знак на протест против корупцијата и наводната употреба на судството против ривалите на ГЕРБ.

Аналитичарите велат дека ГЕРБ можеби ќе се соочи со предизвик да состави мнозинска коалиција затоа што се очекува поразновидна група на партии да влезе во парламентот, а таквите случувања ГЕРБ ќе ја направат ослабена и ранлива.

Инаку Бугарските граѓани во Македонија денеска може да гласаат во нивните ДПК и во пет изборни центри во Скопје, во Штип, во Струмица, во Битола и во Охрид.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …