53 години од убиството на Мартин Лутер Кинг

53 години од убиството на Мартин Лутер Кинг

На денешен ден пред 53 години, во Мемфис, Тенеси, убиен е активистот за граѓански права и добитник на Нобеловата награда за мир, Мартин Лутер Кинг.

Во 50-тите и 60-тите години од минатиот век, се јавува како организатор на протести против сегрегацијата и борбата за еднаквост и гласачки права на Афро-американците.

Инспириран од учењата на Махатма Ганди, сметал дека за успех на движењето за граѓански права, потребно е да се примени стратегија на ненасилни протести, наместо вооружена борба. Движењето за граѓанско право во 1964 година постигнува успех со потпишување на Законот за граѓански права од страна на претседателот на САД, Линдон Џонсон, со кој се забранува расната сегрегација на јавни места. Следната година, Законот за гласачки права им дозволи на Афро-американците да учествуваат на изборите.

Неговиот говор „I have a dream“, се смета за еден од најдобрите и најинспиративните во историјата на американското говорништво. Меѓу другото, тој го има кажано и следното:

  • Темнината не може да ја истера нашата темнина: само светлината може да го направи тоа. Омразата не може да ја истера нашата омраза: само љубовта може да го направи тоа.
  • Ако не можеш да леташ тогаш трчај, ако не можеш да трчаш тогаш оди, ако не можеш да одиш тогаш ползи, но што и да правиш, само продолжи да се движиш напред.
  • Човекот кој не е подготвен да умре за нешто, не е подготвен за живот.

Мартин Лутер Кинг (15.01.1929 – 04.04.1968)

Прочитајте повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

„Ако ВМРО-ДПМНЕ повторно добие преголема моќ, ќе се соочиме со истото што го гледавме 11 …