Патничките возови од денеска со изменет возен ред поради полицискиот час

Патничките возови од денеска со изменет возен ред поради полицискиот час

Поради воведувањето на полициски час во земјава во периодот од 10 до 22 март, Железници на РСМ-Транспорт ги известува патниците дека ќе има изменет возен ред на патничките возови.

На релацијата Скопје-Битола-Скопје, патничките возови во наредните 12 дена ќе поаѓаат од Скопје во: 6:57, 13:49 и 17:25 часот. Возовите од Битола за Скопје ќе поаѓаат во: 5:30, 12:51 и 17:45 часот.

На релацијата Скопје-Гевгелија-Скопје, патничките возови ќе поаѓаат од Скопје во: 6:23 и 16:55 часот и од Гевгелија со поаѓање од: 5:30 и 16:55 часот.

На релација Скопје-Куманово-Табановце-Скопје, возот со број 2024 со поаѓање од Скопје во 20 часот ќе сообраќа само до Куманово. Возот со број 2020 со поаѓање од Скопје во 3:57 часот ќе изостанува на релацијата Скопје-Куманово, а ќе поаѓа од Куманово за Табановце во 5 часот. Возот со број 611 од Табановце за Скопје ќе поаѓа со задоцнување од 10 минути, во 5:20 часот. Возот со број 2025 со поаѓање од Табановце за Скопје во 21:22 часот, нема да сообраќа. Другите возови кон и од Табановце ќе сообраќаат по важечкиот возен ред.

На релација Скопје-Велес-Скопје, за време на полицискиот час возот со број 600 од Велес за Скопје ќе поаѓа со задоцнување од 17 минути, односно во 5:30 часот. Возот со број 2083 од Скопје за Велес наместо во 22:40 часот, од главниот град ќе поаѓа во 20:39 часот. Останатите возови меѓу Скопје и Велес ќе сообраќаат по важечкиот возен ред.

Постојните патнички возови на релациите Скопје-Кочани-Скопје и Скопје-Кичево-Скопје ќе сообраќаат по важечкиот возен ред на Железници на РСМ-Транспорт.

На 10 март, возовите со број 643, 644, 645, 2024, 2025 и 2083 кои имаат изменет возен ред ќе сообраќаат согласно него. На 22 март, возовите со број 2020, 611, 600, 640 и 630 ќе сообраќаат согласно изменетиот возен ред.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Кривична пријава од СДСМ Прилеп за Јовчески

СДСМ Прилеп: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески заради незаконски потпишан анекс на Договор за јавна набавка

Прес-конференција на Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот …