Пендаровски-Сасоли: Европската интеграција е наша долгорочна определба

Пендаровски-Сасоли: Европската интеграција е наша долгорочна определба

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска се сретна со Давид Сасоли, претседател на Европскиот парламент.

На средбата, претседателот Пендаровски изрази задоволство за постојаната и отворена поддршка за европската интеграција на Северна Македонија од страна на Европскиот парламент. Истовремено претседателот Пендаровски го поздрави усвојувањето на резолуцијата по исходот од октомврискиот Европски совет. Усвојувањето на резолуцијата со којашто се бара отпочнување на претпристапните преговори за Северна Македонија и за Албанија, како што истакна претседателот Пендаровски, би помогнало да се одржи мотивацијата кај нашите граѓани. Во оваа насока тој изрази и задоволство што Европскиот парламент останува посветен на проширувањето. 

На средбата со Сасоли, претседателот Пендаровски подвлече дека одлуката на последниот самит на лидерите во Брисел беше неповолна со оглед на тоа што земјата презеде крупни чекори во внатрешните реформи и добрососедските односи, со цел да напредува во европските интеграции. Тој додаде дека одлуката на Европскиот совет да се наврати на прашањето на проширувањето идната пролет може да биде демотивирачка за Северна Македонија и за целиот регион на Западен Балкан.  

Претседателот нагласи дека европската интеграција на Северна Македонија останува долгорочна определба, мотивација за трансформација на општеството и имплементирањето на европските стандарди. Иднината на земјава е во рамките на Европската унија, насока што беше потврдена и на неодамнешната средба на политичките лидери на која беше домаќин Претседателот.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …