Поенти од обраќањето на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на синоќешната изборна конвенција
- Ќе продолжам да работам за плата а не за проценти и да ги третирам сите еднакво, да ги почитувам младите луѓе. Ќе продолжам да им помагам на понижените, ќе продолжам да ги критикувам криминалот и високата корупција на сите, вклучително и на оние кои гласале за мене.
- Кога станува збор за нашите грешки околу стратешките прашања, такви немавме, но за политики и за кадровски одлуки – имавме.
- Застанавме на половина пат во нашиот слоган „Нема правда, нема мир“. Во оваа смисла не може да го вратиме времето, но мора да се обврземе на ветинг на политичари, судии и обвинители. Сите кои намерно држат предмети во фиоки или не може да докажат од каде им се милионите, треба да лежат во затвор.
- Го поддржувам ветингот на политичарите кој го предложи опозицијата и додавам една ставка – да се испитува од деведесеттите до денес, да се види кои беа тие кои ги кршеа ембаргата и зедоа национализиран имот за себе.
- ВМРО-ДПМНЕ шири поделби во македонското општество и на секој начин ја саботира евроатлантската иднина на државата.
- Истите тие политичари и партии во 2001 година, наместо Рамковниот договор, нудеа војна до истребување. Наместо договорот од Преспа, нудат негово поништување и алтернатива – зачленување во БРИКС.
- Секогаш викаат „никогаш северна“, ама во изминатите 5 години земаат плати како градоначалници и пратеници и не им паѓа на памет да ги вратат мандатите.
- Не се извинија за најсрамниот чин во историјата на Македонија – 27 април.