Пендаровски закажа седница на Советот за безбедност

Пендаровски закажа седница на Советот за безбедност

Утре, вторник 6 септември 2022 година со почеток во 11:00 часот, во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи 17-та седница на Советот за безбедност.

На дневен ред на седницата ќе биде енергетската криза во Република Северна Македонија и мерки за нејзино надминување.

На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија, Крешник Бектеши.

По завршувањето на седницата на Советот за безбедност ќе следaт изјави на претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

Прочитајте повеќе

Пациенти со месеци чекаат ПЕТскен, повторно доцни и онколошката терапија

Пациенти со месеци чекаат ПЕТскен, повторно доцни и онколошката терапија

Онколошки пациенти велат дека веќе со месеци не можат да го направат контролното ПЕТ/КТ снимање …