Пендаровски: Засега нема потреба од прогласување кризна или вонредна состојба на територијата на целата држава

Пендаровски: Засега нема потреба од прогласување кризна или вонредна состојба на територијата на целата држава

На предмалку завршената седница на Советот за национална безбедност, донесени се повеќе заклучоци, меѓу кои и таа дека во моментов не постои потреба за прогласување кризна или воена состојба на територијата на целата држава.

Тоа го соопшти Претседателот Стево Пендаровски, кој ја истакна одличната соработка на министерствата со Армијата и локалната самоуправа на Дебар и Центар Жупа. Посебна благодарност и признание Советот им оддава на граѓаните на двете општини, за нивното доследно придржување до препораките.

Во однос на целата ситуација, заклучок е дека поставеноста на државата е адекватна во однос на ризиците со кои сме соочени и дека од сите држави во регионот, Република Северна Македонија најдобро се справува со ситуацијата. Ако има потреба, а засега нема, потенцираше Претседателот Пендаровски, може да се препорача и други општини да прогласат кризна состојба.

Пендаровски упати апел до граѓаните стриктно да ги применуваат предложените мерки. Исто така тој апелираше до граѓаните да не патуваат во странство, особено не во земјите со среден или висок ризик, а нашите граѓани кои во моментов се наоѓаат во тие држави, без особена потреба да не се враќаат во земјата.

На крајот, Претседателот Стево Пендаровски напомена дека Советот ќе ја следи состојбата и во зависност од потребата ќе се состанува секој ден, или повеќе пати во текот на денот.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …