Вандализам во Прилеп: Искршени дрвја и украдени зимзелени растенија

Вандализам во Прилеп: Искршени дрвја и украдени зимзелени растенија

И додека централната и локалната власт максимално се посветени во преземањето мерки за превенирање на пандемијата на коронавирусот, несовесни граѓани на Прилеп се преокупирани со уништување на животната средина.

Имено, минатата ноќ непознати сторители ги уништиле и искорнале зимзелените украсни растенија кои ЈКП „Комуналец“ ги засади во населбата Точила. Истовремено, друг вандалски чин се случил по должината на Дабнички канал, каде се скршени дрвајата кои минатата недела ги засадија комуналците, со цел да се формираи зелен појас околу каналот.

Уништувањето на општи добра, на парковски површини и урбана опрема во различни делови од Прилеп, меѓу кои и во строгиот центар на градот, стана редовна појава. Од тие причини, освен бројните апели со кои се повикува на свеста на граѓаните, останува надлежните институции да работат на откривање на сторителите и на мотивите за вандализмот и да изречат ригорозни казни.

Прочитајте повеќе

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Во следните три недели Париз ќе биде домаќин на Олимписките игри 2024. Ви нудиме одговори …