Пентагон одобри испорака на оружје за Тајван

Пентагон одобри испорака на оружје за Тајван

САД планираат испорака на оружје и муниција во Тајван во вредност од 619 милиони долари. Одобрената испорака доаѓа во време на растечки тензии со Кина, која и натаму пројавува аспирации кон островската држава.

Одобрената испорака на оружје за Тајван со волумен од 619 милиони долари опфаќа стотици ракети, меѓу другото за борбените авиони Ф-16, како и системи за навигација и друга опрема, соопшти Пентагон во Вашингтон. „Купувањето на  опремата ќе придонесе за подобрена способност на примателот за заштита на неговиот воздушен простор и за регионалната безбедност, како и за компатибилноста на системите со САД“, соопштија од Пентагон.

САД од 1979 година работат на подигнување на одбранбената способност на демократската островска држава, што се одвива во најголем дел преку испорака на оружје, што наидува на лутина кај кинеското раководство. Пекинг го смета Тајван за дел од својата држава, упатувајќи постојани закани за негово освојување.

Владата во Тајпеј пак опстојува на независноста на Тајван.

Тајванското Министерство за одбрана денеска се заблагодари за планираната испорака на оружје, коешто ќе помогне во одбраната на воздушниот простор од кинеските авиони. Зделката се случува во време на нараснати тензии и засилени акции на кинеската морнарица и авијација во близина на Тајван. Само во вторникот и средата во тајванскиот воздушен простор навлегле неколку десетици кинески авиони, извести Министерството за одбрана во Тајпеј.

Прочитајте повеќе

Јужна Кореја: Опозицијата бара импичмент на претседателот

Јужна Кореја: Опозицијата бара импичмент на претседателот

Јужнокорејскиот претседател Јун воведе воена состојба во земјата поради блокада на буџетот, која траеше неколку …