пентагон

Пентагон: Руските сили продолжуваат да доаѓаат до границите на Украина

Соединетите Држави објавија дека Русија продолжува да ги зајакнува своите воени сили на границите на Украина во време кога Франција вели дека добила ветување од Кремљ дека нема да има понатамошна „ескалација“. „Продолжуваме да забележуваме, вклучително и последните 24 часа, дека дополнителен капацитет пристигнува од другите региони на Русија кон границата со Украина и Белорусија“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. „Нема да даваме конкретни бројки, но силите продолжуваат да се зголемуваат“, додаде тој, наведувајќи дека сега се присутни повеќе од 100.000 војници. Тој рече дека има знаци и дека други тактички групи се на пат.

„Рускиот претседател Владимир Путин продолжува да ги зајакнува своите воени капацитети. Секој ден ги зајакнува своите капацитети, секој ден продолжува да ја дестабилизира ситуацијата која и онака беше многу напната“, рече тој.

Кирби повтори дека Соединетите Држави немаат намера да спроведуваат никакви операции во Украина која не е членка на НАТО, додека првите 3.000 американски војници се испратени да ги „охрабрат“ сојузниците од источното крило. „Тие сили би можеле да учествуваат во операции за помош доколку американските граѓани кои живеат во Украина треба да одат во тие земји во случај на руска инвазија, но тоа веројатно нема да биде неопходно“, рече Кирби. САД пред неколку недели предупредија дека немаат намера воено да ги евакуираат Американците од Украина, како што направија во Кабул во минатото лето.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Русија не ја уништи армијата на Украина

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на …