СВР Битола: Изречени 7 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

СВР Битола: Изречени 7 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

Секторот за внатрешни работи Битола  во текот на вчерашниот ден во периодот од 15.00 до 20.00 часот спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. Притоа санкционирани биле 7 возачи.

Од СВР Битола информираат дека и денеска, исто како и во наредните денови, ќе продолжат со ваквите акциски контроли и апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Апелот се однесува и до пешаците, кои треба да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин, затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

Прочитајте повеќе

Судење: Одбраната негира градежни пропусти за „Пулс“

Судење: Одбраната негира градежни пропусти за „Пулс“

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одбраната на обвинетите градежни инспектори истакна дека …