Пензиониран полицаец се заканил дека ќе го убие министерот за внатрешни работи

Пензиониран полицаец се заканил дека ќе го убие министерот за внатрешни работи

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) соопшти оти повело постапка против пензиониран полицаец што се заканил дека ќе го убие министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Обвинителството го води случајот, против пензионерот, кој бил претходно осудуван како кривично дело Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот жител на Скопје од својот мобилен телефон, се јавил во полициска станица во Центар со закана дека ќе биде убиен министерот за внатрешни работи, по што веднаш ја прекинал врската.

Откако бил идентификуван и лоциран, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени еден карабин марка Ц3 со калибар 8Х57, пиштол марка „Чешка Зброевка“ со калибар 7,65мм, пиштол марка „Смит енд Весон“ модел 38/2, повеќе куршуми од различни калибри, еден пар лисици и телескопска палка, објаснија од обвинителството.

Бидејќи станува збор за поранешен полициски службеник, но и за лице кое претходно е осудувано за други кривични дела, јавниот обвинител оценил дека има основа за сомнеж дека пензионерот може да ги оствари заканите за убиство на министерот Спасовски, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, доставил предлог за определување притвор за осомничениот.​​

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Ова го правиме за да нема препишување, за да бидат резултатите пообјективни, но и за …