Пет години затвор за нападот врз американскиот Капитол

Пет години затвор за нападот врз американскиот Капитол

Тоа е најстрогата казна досега против поддржувач на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за упадот во Капитол во јануари годинава. 54-годишник сега мора да мине во затвор повеќе од пет години.

Сојузниот суд на САД го осуди демонстрантот Роберт Палмер, кој учествуваше во нападот врз американскиот Капитол на 6-ти јануари, на повеќе од пет години затвор.

Тоа е досега највисоката изречена казна за учество во нападот врз зградата на Конгресот на САД.

Во обвинувањето се наведува оти Палмер на полицијата фрлил дрвена даска и средство за гасење пожар, како и дека, потоа ги нападнал полициските службеници со шипка.

Палмер се изјасни дека е виновен за напад на полицајците.

Тој во писмото до судијата, наведе дека го издале поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите сојузници, кои изнесувале теории на зговор.

„Симпатизерите на Трамп постојано изнесуваа лажни тврдења за лажирање на изборите и порачуваа оти е наша должност да се спротиставиме на тиранијата“, рече Палмер.

Тој е првиот меѓу учесниците во немирите на 6 јануари кој осуден за напад, пружање отпор или попречување службено лице за употреба на оружје.

Пред пресудата, најдолга затворска казна им беше изречена на Џејкоб Ченсили, познат како „Кјуанон шаман“ и на Скот Флемб.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Русија користи хемиско оружје во војната во Украина?

Русија користи хемиско оружје во војната во Украина?

САД ја обвинија Русија за употреба на хемиско оружје против украинската војска, Москва демантира. Русија …