Пијанечко-малешевска свадба по 13-ти пат во Делчево

Пијанечко-малешевска свадба по 13-ти пат во Делчево

Делчево денеска живее во знакот на традицијата почитувајќи ја оставштината од минатото и старите добро познати свадбарски обичаи обединети во традиционалната Пијанечко-малепшевска свадба. Денеска на стар автентичен начин ја крунисаа својата љубов младите Наталија Богатинова и Александар Петровски од Делчево.

На почетокот од денешните активности, тие беа примени од градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски кој посакувајќи им долг и среќен заеднички живот, им врачи парична награда на младите.

Јас сакам во оваа прилика и да го истакнам значењето на почитувањето на традицијата која го чува нашиот идентитет, посебно свадбарските обичаи од Пијанец, кои под влијание на новото време се во опасност од исчезнување. А традиционаланата Пијанечко – малешевска свадба ги афирмира и чува од заборав свадбарските обичаи од нашиот крај.Им посакувам долг и среќен заеднички живот и многудетно семејство, рече Трајковски.

На приемот кај градоначалникот, освен младите и сватовите, денеска беа и делегации од културно-уметнички друштва од Јагодина,Р. Србија, Бургас-Р. Бугарија и од Турција.

Свадбарските адети ќе продолжат за време на свадбарскиот ручек, а на летната сцена со почеток во 12.00 часот, фолклористи од земјава и странство ќе настапуваат на 43-иот Меѓународен фолклорен фестивал. Саемот на храна кој е инкорпориран во оваа манифестација со цел да се афирмираат и старите делчевски рецепти за храна e во организација на „Тернипе-МК“ со поддршка на Општина Делчево.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …