Заев: Град Скопје во рекордно кратки рокови реконструираше повеќе главни градски сообраќајници

Заев: Град Скопје во рекордно кратки рокови реконструираше повеќе главни градски сообраќајници

Претседателот на Владата Зоран Заев, на покана на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и во придружба на градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, синоќа изврши увид на работата на уште една многу важна сообраќајница – улицата „Благоја Стефковски“, главната улица која поминува низ населбата Маџари, и која ги поврзува Гази Баба и општините Илинден и Петровец.

Премиерот Заев во изјавата за медиумите на овој настан истакна дека еден подолг период граѓаните на Скопје се сведоци на интензивно изведување на работи на реконструкција на повеќе булевари и улици во градот, и додаде дека во рекордно кратки рокови реконструирани беа повеќе главни градски сообраќајници во сите десет скопски општини, како и дека помал дел од улиците што останаа согласно планот, ќе бидат реконструирани до крајот на овој или почетокот на следниот месец.

„Она што ја прави уште позначајна оваа градска сообраќајница е што ја обезбедува сообраќајната врска и комуникација на огромен број стопански субјекти и компании во овие три општини, кои формираат една од најдинамичните индустриски зони во градот.

За потребите на граѓаните и за потребите на индустриските и деловните субјекти, реконструкцијата на оваа улица ќе се искористи и за замена на дел од старата и поставување на нова подземна инфраструктура“, нагласи претседателот на Владата на Северна Македонија Заев, и додаде дека Град Скопје со интензивирањето на активностите во делот на изградбата на нови и реконструкцијата на постојните градски сообраќајници во значителен дел учествува во капиталните инвестиции на Република Северна Македонија.

Премиерот Заев рече дека примерот на Град Скопје е инспирација и за другите општини во државата целосно да им излезат во пресрет на потребите на граѓаните за изградба и за одржување на модерни сообраќајни решенија за одржлива урбана мобилност.

Во таа насока беше и изјавата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов кој потенцираше дека долж улицата „Благоја Стефковски“ ќе бидат извршени и работи на придружната инфраструктура.

„По завршувањето на самата сообраќајница од едната страна имаме доволно простор, каде што ќе можеме да изработиме тротоари и велосипедска патека во широчина од четири и пол метри, со што ќе започнеме со сериозна изградба на алтернативниот начин на движење на граѓаните и можноста којашто овде досега ја немале на улица „Благоја Стефковски“, а којашто очекувам дека наредната пролет кога ќе започнеме со реконструкција на улицата „Александар Македонски“, да ја доизработиме и да го споиме овој дел на градот со велосипедски патеки со остатокот од нашиот град.“, соопшти Шилегов на настанот по повод увид во работите на реконструкцијата на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …