Утре кај „Школка“ свечено ќе биде одбележен Денот на независноста

Утре кај „Школка“ свечено ќе биде одбележен Денот на независноста

Во градскиот парк во Скопје кај „Школка“, утре, недела, во 11:00 часот ќе започне големата прослава „Боите на независноста“ по повод најголемиот државен празник во Република Северна Македонија, 8.Септември – Денот на независноста.

На настанот ќе се презентираат различни активности, сервисни информации, услуги кои граѓаните можат да ги добијат од институциите, показни вежби, традиционална храна, спорт и друго, а во 12:00 часот ќе следи и обраќање на претседателот на Владата, Зоран Заев.

На настанот со своја музичка програма ќе настапат: 5+ Бенд, Денсерс јунајтед, Виолета Томовска, Ај Кју, Елита Зибери и диџеј Драган Б. Костиќ.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …