ПО 12 ГОДИНИ ЌЕ СЕ АКТИВИРА ТЕЦ „НЕГОТИНО“

ПО 12 ГОДИНИ ЌЕ СЕ АКТИВИРА ТЕЦ „НЕГОТИНО“

По речиси 12 години ќе се активира ТЕЦ Неготино – Владата даде зелено светло комбинатот да стартува со работа, поради енергетската криза. ЕСМ ќе набавува мазут за потребите на комбинатот.

Првиот човек на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ за ТВ24 вели комбинатот е редовно одржуван и веднаш штом се набави мазут може да почне со работа. Во моментов имаме резерви но тие, според Стојановиќ се доволни за само неколку недели.

„ТЕЦ Неготино е во техничко исправна ссотојба, што значи редовно одржуван и правени ладни проби и профилактика“ – вели Стојановиќ.

Според надлежните со сегашната регулирана цена на мазутот, производната цена на ТЕЦ Неготино доколку работи со еден котел ќе изнесува околу 175 eвра/мегават-час, додека ако работи со два котли ќе изнесува околу 150 eвра/мегават-час.

Според првиот човек на Стопанската комора за енергетика сегашното активирање на ТЕЦ Неготино е задоцнето. Вели поисплатливо е да се купува струја – а не мазут.

„Тоа е централа која се планира или се планирало да работи на гас. Самото активирање на гасот во термоцентралата ќе добиеме прво повеќе мегавати, второ ќе имаме пониска цена на чинење, а трето економски поисплатливо ќе биде таа термоцентрала доколку биде на гас“ – вели Ѓорги Манасков – Стопанска комора за енергетика.

Се поизвесно е дека цената на струјата во иднина ќе биде повисока.

Според информации на ТВ24 – иако засега се уште нема официјална потврда – ЕСМ до Влада ќе предложи повисока цена на струјата. Неофицијално се размислува за десетина проценти – но конечната одлука ќе се донесе деновиве.

Дека зголемување на цената ќе има потврди и првиот човек на МЕПСО, Куштрим Рамадани во телефонски разговор за ТВ24. Во меѓувреме државната МЕПСО, деновиве треба да ја плати и фактурата – која европската мрежа ја испорача пред неколку дена. За ненајвеното влечење на струја само за октомври треба да се платат 16,5 милиони евра.

По прогласувањето на кризната енергетска состојба надлежните уверуваат дека рестрикции за домаќинствата нема да има – но и дека нема да има ценовни шокови кај електричната енергија од јануари следната година.

Извор: ТВ 24

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …