По петти пат СОУ „Ѓорче Петров“ го организираше креативниот конкурс „Јелена Крстиќ“

По петти пат СОУ „Ѓорче Петров“ го организираше креативниот конкурс „Јелена Крстиќ“

Оваа година СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп, односно професорите од Активот по текстилство и професорката по ликовна уметност, Марта Макеска, по петти пат го организираа креативниот конкурс „Јелена Крстиќ“.

Соработник во организацијата и реализацијата на конкурсот беше и модното ателје „Сидор“ од Скопје со модниот креатор Дејан Сидороски, кој средношколските денови ги поминал во ова прилепско средно училиште.

Со него се поттикнуваат креативните способности на учениците, се развиваат чувството за естетика, мода, комуникацијата и пријателството. Истовремено, настанот претставува и натпревар на вљубениците во модниот дизајн и уметноста од текстилно-кожарската струка, но и од сите други струки во училиштето. Во овој натпревар победници се сите, бидејќи разбудувајќи ја својата фантазија, учесниците создаваат прекрасни уникатни творби.

Темата на годинешниот конкурс беше „Ултра модерна облека и акцесоари со етно елементи“, што доведе до создавање спој на модерното и традиционалното, видено од перспектива на учениците, а резултираше со креативна “поплава“ од ликовни творби и посебно убави акцесоари.

Благодарение на спонзорството на компаниите од текстилниот сектор „Тритекс“ и „Комфи Ангел“, неколку ученици се издвоија од творечката ризница и добија скромни, но за нив важни награди.

Секој учесник  за спомен доби чаша дизајнирана со обележја и модел од конкурсот, како и сертификат. Организаторите искажаа благодарност и до модниот креатор Сидор за искрената соработка, односно за иницијативата во своето студио да  изработи модел кој ќе му биде подарен на неговиот автор.

Семејството Крстиќ, родителите на Јелена, и оваа година ја доделија Гран при наградата.

Голема помош во реализацијата на настанот дадоа текстилните компании „Комфи Ангел“, „Кули“, „Мартекс“ и „Хатра“, со кои училиштето соработува и реализира активности и во областа на дуалното образование.
Секако, заслуга за успешната организација имаат и учениците од Секторот за текстил, кожа и слични производи, учениците, професорите и директорката на СОУ „Ѓорче Петров“, Петра Лукароска, чија поддршка и промоција на сите активности од текстилно-кожарската и од другите струка е во насока на поголема афирмација на делата на учениците и училиштето.

Конкурсот се реализира во чест и спомен на Јелена Крстиќ, талентирана ученичка од текстилно-кожарската струка.

Прочитајте повеќе

Филипче на Сител

Филипче: Додека оперирам специјализантите најмногу учат со мене (ВИДЕО)

Многупати досега д-р Венко Филипче зборувал за поддршката што им ја давал на своите помлади …