Ковачевски и Битиќи: Со државна поддршка, плановите за развој на компаниите се остваруваат, 300 нови работни места во ЕјџТекГруп

Ковачевски и Битиќи: Со државна поддршка, плановите за развој на компаниите се остваруваат, 300 нови работни места во ЕјџТекГруп

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со вицепремиерот за економски прашања и координација на економските политики Фатмир Битиќи ја посетија компанијата ЕјџТек Груп (HTEC), каде ќе се отворат 300 нови работни места во државата. Компанијата потпиша договор со Владата според Законот за контрола на државна помош за петгодишен инвестициски проект започнат во јуни 2021 година, со вредност од 4,5 милиони евра.

„Владата во овие кризни и непредвидливи времиња застана позади работниците, работодавците и бизнис секторот. Поддршката на компаниите во времиња полни со предизвици е од клучна важност, бидејќи така им овозможуваме на компаниите да влезат во инвестициски процеси, а сето тоа доведува до забрзан економски раст на државата, раст на БДП, како и етаблирање на Северна Македонија на глобалните пазари во Европа и светот. Граѓаните овде имаат капацитет, имаат вештини и знаење и драго ми е што ова го препознал менаџерскиот тим на ЕјџТек, за токму овде, во нашата земја да основат нов развоен и истражувачки центар во кој е предвидено да се вработат инженери и дизајнери за развој на нов високо технолошки софтвер, дигитализација и создавање на високо-технолошки производи. Ние како Влада даваме можности и предности за инвестирање во Северна Македонија, нудиме стабилност за инвестициите во земјава, но наш клучен услов се одржливи и добро платени работни места за нашите граѓани. Владата создава подрачје за безбедно инвестирање, наша цел е да создадеме услови по светски терк неопходни за непречено функционирање на компаниите без разлика дали тоа се странски инвеститори или домашни. Со отворање на вакви работни места им нудиме перспектива на младите, да останат да работат и да инвестираат со труд и знаење во сопствената држава, и во исто време да бидат европски платени“, рече Ковачевски.

Вицепремиерот Битиќи ја истакна важноста од поддршката за компаниите за отворање нови добро платени работни места.

„Им благодарам на ЕјџТек Груп за гостопримството денеска и им посакувам успех и уверување дека ќе продолжиме партнерски да работиме кон развој, мојот кабинет е посветен на развој на бизнис климата и условите за инвестирање на компаниите.

Веќе започнаа исплатите за државна помош за компаниите по Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Оваа година поддржуваме рекордни 417 компании, а секоја година го зголемуваме и буџетот за поддршка, оваа година ќе бидат исплатени 1,7 милијарди денари. Со моето доаѓање на оваа позиција во 2020 година, за прв пат и покрај ковид кризата, имавме 100% исплата на државната помош и продолжуваме и оваа година, како и минатата година, што ја потврдува нашата посветеност кон нив и нашата намера да продолжиме да ги поддржуваме“, рече Битиќи.

Мирослав Вирајевиќ истакна дека HTEC Group продолжува со амбициозните планови за инвестиции во регионот на Југоисточна Европа.

„Се гордееме со нашиот развоен центар во Скопје и нашите луѓе – нивната одлична работа, знаење и желба за решавање сложени инженерски предизвици на најхрабрите компании на планетата. ИТ секторот во Северна Македонија е еко-систем кој постојано расте, а HTEC Group е посветена на натамошно придонесување на неговиот раст и развој. Нашиот тим во Скопје се состои од повеќе од 130 експерти и според Договорот за државна помош со Владата на Република Северна Македонија, во следните пет години ќе се вработат уште најмалку дополнителни 170 лица. Во следните пет години ќе инвестираме вкупен износ од најмалку 4.500.000 мил еур во Северна Македонија. Сакаме да се заблагодариме на Владата за поддршката што ни ја пружа во надминувањето на границите на технологијата и во тоа да се остане најдобра платформа за професионален и личен развој за нашите вработени. HTEC Group ќе продолжи со своето значително влијание врз економијата во земјата каде работи преку креирање работни места, иновирање и извезување услуги. Уште еднаш ви благодарам за довербата и партнерството“, рече Вирајевиќ.

Прочитајте повеќе

МТФ „Војдан Чернодрински“:„Црна дупка“ на театарот „Антон Панов“ од Струмица најдобра претстава, седум награди за „Иванов“ на МНТ

МТФ „Војдан Чернодрински“:„Црна дупка“ на театарот „Антон Панов“ од Струмица најдобра претстава, седум награди за „Иванов“ на МНТ

Претставата „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски на Театарот „Антон Панов“ од Струмица ја …