Почина американскиот рокер Дејвид Крозби

Почина американскиот рокер Дејвид Крозби

Познатиот американски рокер, Дејвид Крозби почина на 81-годишна возраст. Овој пејач и текстописец беше еден од основачите на два од најголемите бендови од 1960-тите,Бирдс и Крозби, Стилс и Неш.

Крозби постигна редок подвиг во кариерата, со тоа што двапати беше примен во Куќата на славните на рокенролот.

Неговата сопруга за веб-страницата „Варајати“ изјавила дека Дејвид Крозби починал по долго боледување, опкружен со членовите на најтесното семејство.

Прочитајте повеќе

„Мој Прилеп“ го дигитализира јавниот превоз: Систем за следење на автобусите во реално време

„Мој Прилеп“ го дигитализира јавниот превоз: Систем за следење на автобусите во реално време

Граѓанската иницијатива „Мој Прилеп“ го најави својот прв поголем проект кој ветува значително олеснување на …