Почина човекот кој за институциите беше странец во родената земја

Почина човекот кој за институциите беше странец во родената земја

Трајанчо Велковиќ од скопско Драчево почина како странец во родената земја.

Беше роден и цел живот живееше во Скопје, но без македонско државјанство поради бирократските лавиринти низ кои не можеше да се снајде ниту да докаже дека е македонски државјанин.

Како што пренесуваше ТВ24 во сторијата во која се обиде да му помогне и поради влошената здравствена состојба, нему од 96 година му е поништена личната карта поради неколку месечен престој во Шумадија, станува туѓинец и невидлив за инситуциите. Велковиќ од тогаш не добил одговор зошто не може да добие македонски документи иако е роден и живее тука.

Да прежииве му помагаа соседите а од скопската клиника каде беше сместен повеќе од десетина дена вчера стигна тажната вест за смртта на Трајанчо.

За него пошироката јавноста слушна благодарение на соседите, но Велковиќ не дочека логичен крај на неговиот случај.

Извор: Фактор

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …