Почнува изградбата на првата јужнокорејска инвестиција во земјата вредна 30 милиони евра

Почнува изградбата на првата јужнокорејска инвестиција во земјата вредна 30 милиони евра

Денеска со почеток во 13:00 часот, премиерот Зоран Заев ќе се обрати по повод почетокот на изградба на првата јужнокорејска инвестиција во Технолошо-индустриската развојна зона – Скопје 2.

На настанот ќе присуствува и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, директорот на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, а свои обраќања ќе имаат и претставници на раководството на глобално реномираните компании американската „Дура аутомотив системс” и јужнокорејската „Алмак“.

Новата инвестиција која се реализира со заедничко вложување на двете компании, во висина од 30 милиони евра за изградба на најсовремен објект каде ќе се одвива напредно производство и склопување на технолошки компоненти за автомобилската индустрија.

Прочитајте повеќе

Големите хотели наскоро „објекти од државно значење“?

Големите хотели наскоро „објекти од државно значење“?

Здравјето и туризмот, барем на хартија во земјава ќе делат ист урбанистички статус, прашање е …