Почнува постапката за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски

Почнува постапката за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски

Во 10.30 часот денеска ќе почне 12-тата седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на чиј дневен ред е само една точка – одземање на имунитетот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, инаку долгогодишен претседател на Собранието, кој беше на чело на законодавниот дом до 27 април 2017, кога се случија суровите насилства и обиди за убиство на пратеници.

Комисијата решава по формалното барање од Основен суд Скопје 1 за одобрување притвор, кое е поднесено вчера.

Вељаноски, поранешниот министер за транспорт и врски и поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески, поранешниот министер за труд и социјална политика и за образование, Спиро Ристовски, поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како и поранешниот вработен во УБК, Никола Бошкоски завчера беа осомничени за организација на насилството во Собранието на 27 април.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Притисок за да функционира државата

Притисок за да функционира државата

Од стотици регистрирани граѓански или невладини организации, здруженија, фондациии, малку се оние кои  чиј „збор …