Почнува вакцинирањето на децата со две нови вакцини – рота вирус и пневмокока

Доенчињата и малите деца најчесто страдаат од инфекции на долните и горните респираторни патишта, како и тешки инвазивни болести предизвикани од пнеумококот, што претставува и најголема причина за хоспитализација кај оваа група деца. Доктор Катерина Ставриќ смета дека новите вакцини ќе значат поголема заштита на децата и избегнување сериозни компликации на здравјето.

Имунизацијата со новите вакцини започнува од утре и педијатрите велат дека родителите треба да се запознаат со придобивките и заштитата на децата во најчувствителниот период од животот.

90 илјади вакцини од двата типа ќе бидат поделени низ здравствените установи за имунизација. Овие вакцини во повеќето европски земји се применуваат повеќе од една деценија.

Извор: Телма

Прочитајте повеќе

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Ова го правиме за да нема препишување, за да бидат резултатите пообјективни, но и за …