Погреб на папата Бенедикт Шеснаесетти

Погреб на папата Бенедикт Шеснаесетти

Денеска на плоштадот Свети Петар во Ватикан ќе биде погребан почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти, кој почина на 31 декември на 95-годишна возраст. Претставници од повеќе христијански цркви најавија дека ќе имаат официјални претставници на литургијата. Стотици илјади луѓе му оддоа почит на поранешниот папа, чие тело во изминативе денови беше изложено во отворен ковчег во базиликата Свети Петар.

Почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти, германски теолог кој се обиде повторно да го разбуди христијанството во секуларизирана Европа, ќе биде запаметен како првиот поглавар на Римокатоличката црква во последните 600 години што поднесе оставка поради лошо здравје. Од неговото пензионирање во февруари 2013 година, тој живеел во манастир во Ватикан. На погребот ќе присуствува и делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија МПЦ – ОА. Како што информираат за МИА од МПЦ-ОА, делегацијата е составена од митрополитот Тетовско-гостиварски епископот Јосиф, придружуван од професорот на Богословскиот факултет, ѓакон Стефан Гоговски.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Бум на бизнисот со оружје во светот

Бум на бизнисот со оружје во светот

Приходите од продажба на оружје се зголемени во 2023 ширум светот. Според податоците на Институтот …