Полициска акција во затворот Идризово

Полициска акција во затворот Идризово

Во најголемиот затвор ,,Идризово” во Скопје, денеска биле извршени претреси. Од обвинителството ја потврдуваат акцијата, но повеќе детали не откриваат.

Од ОЈО велат дека акцијата е координирана од Основното јавно обвинителство Скопје поради сомневања за кривично-правни дејствија.

„Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ Идризово – Скопје со цел обезбедување доказен материјал“, информираат од Обвинителството.

Затворот во Идризово неколку пати до сега бил мета за претреси при што беа пронајдени мобилни телефони, дрога, остри предмети и друго.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …